More

    Четири работни навики кои спречуваат замор и грижи

    spot_img

    Експертот за личен развој Дејл Карнеги открива како подобро да ги анализирате и решите загрижувачките ситуации, да развиете позитивен став, да ја надминете депресијата и да се наполните со позитивна енергија и да постигнете душевен мир и задоволство во својата книга „Како да се ослободите од грижите и да започнете да живеете“.

    Овие четири корисни работни навики ќе ви помогнат да го спречите заморот и грижите, пишува Ординација.хр.

    Организирајте го вашето биро
    Отстранете од работната маса се што не е поврзано со непосредна работа. На тој начин ќе можете да работите побрзо и поефикасно. Глетката на преполното биро создава стрес бидејќи не потсетува дека мораме да правиме многу работи и немаме доволно време за тоа.

    Правете задачи по важност
    Способноста за правилно размислување и навиката за извршување на задачите по важност се важни за успешно извршување на работата. Планирајте ги вашите дневни задачи така што најважните работи прво ќе се завршат.

    Решете ги проблемите веднаш
    Кога ќе се соочите со проблем, обидете се веднаш да го решите. Ако ги имате сите потребни елементи за да донесете одлука, донесете ја брзо, без одлагање. Подобро е да ги решавате проблемите еден по еден и да донесувате одлуки без одлагање.

    Научете да ја организирате работата, да споделувате одговорност и да ги следите резултатите
    Многу луѓе од деловниот свет си го уништуваат здравјето и животот затоа што никогаш не научиле да ја делат одговорноста со другите, па сè прават сами. Бизнисмен и секој кој е на одговорна позиција мора да научи да префрла дел од одговорноста на други. Само така можете да спречите напнатост, замор и нервни заболувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img