12 лица го загубија животот, а 32 се повредени, од кои 19 потешко, во страшната несреќа на полски автобус кој во саботата наутро излета од автопатот А4 кај Брезнички Хум.
Во автобусот имало 44 лица – 42 патници и двајца возачи.
Повредените се згрижени во три загрепски болници, како и во болниците во Вараждин и Чаковец.
Полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски во саботата вечерта објави дека четири повредени лица се враќаат во Полска.
Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на автобусот регистриран во Полска изгубил контрола над воланот на возилото, кое свртело надесно, ја пробило заштитната ограда и слетало надвор од автопатот.
За утврдување на начинот и причината за сообраќајната незгода, државното правобранителство нареди обдукција на фатално повредените лица, вештачење за интоксикација на возачот на автобусот и спроведување на други потребни истраги и доказни дејствија, ДОРХ објави.
Полско Министерство: Автобусот беше технички исправен
Полското Министерство за инфраструктура соопшти дека автобусот што доживеа несреќа во Хрватска е произведен во 2011 година, регистриран во Полска и дека ги поминал сите проверки што ги предвидува законот. Техничкиот преглед е извршен во јуни годинава.
Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина, изјави дека во автобусот имало 42 аџии и двајца возачи и дека сите жртви се полски државјани. Тој рече дека аџилакот го организирало братството Свети Јосиф