Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е победничка на Вимблдон 2022

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е победничка на Вимблдон 2022. Таа попладнево, во финалето, за еден час и 17 минути ја победи Онс Жабер со 2:1 (3:6, 6:2 и 6:2).

За Рибакина ова е прв трофеј од Грен слем турнирите. Таа е најмладата шампионка на Вимблдон од 2011 година.

Дваесет и тригодишната Рибакина која во моментов е на 23-то место на ВТА рангл-листата стана првата претставничка на Казахстан која победила на Грен слем турнир во сингл.

Рибакина е родена од Москва, која го промени државјанството во 2018 година, ја освои третата титула во кариерата и прва од 2020 година.

Таа ја прекина серијата од пет порази против топ 10 тенисерки победувајќи за прв пат по Олимпијадата во Токио.

Во последните 16 година Рибакина е првата тенисерка која ја освоила титулата на Вимблдон, откако го загуби првиот сет. Покрај тоа, таа стана најмладата шампионка на Вимблдон од 2011 година, кога Петра Квитова ја освои титулата на 21 година.

Share This Article