More

    Тренчевска: Соработката со граѓанските и меѓународните организации е клучна во создавањето на хуманитарен одговор во кризните состојби

    spot_img

    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан на кој беше презентирана компаративната анализа – „Предизвиците на КОВИД-19 во одговор на мигрантите и бегалците во Западен Балкан“, организиран од страна на граѓанската организација „Легис“, а со учество на меѓународниот и граѓанскиот сектор.

    Министерката Тренчевска истакна дека за Владата и Министерството за труд и социјална политика, грижата за ранливите категории на граѓани е приоритет. А како дел од ранливите категории се и бегалците и нивните семејства, кои поради настанати конфликти во својата земја, а со цел да се спасат себеси и своите семејства се принудени да ги напуштат своите домови  и да се упатат на безбедна локација.

    „Со цел поддршка на овие лица, а во рамките на остварување на социо-економските права и пристапот до социјалните услуги, Министерството за труд и социјална политика обезбедува здравствено осигурување за лица со признаено право на азил, односно обезбедува здравствена заштита за лица баратели на право на азил сместени во рамки на прифатниот центар,“ рече Тренчевска.

    Таа информираше дека, лицата-корисници на здравствено осигурување се изедначени со македонските државјани во остварување на правата од доменот на здравствена заштита и имаат идентичен пристап до сите здравствени мерки кои беа организирани конкретно поврзано со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

    Министерката ја истакна соработката со УНХЦР во обезбедувањето на дополнителни средства за помош во панедмијата за ранливите бегалски семејства кои престојуваа во нашата земја. Во исто време, во рамки на привремените транзитни центри, мигрантите кои привремено се сместува во Винојуг или Табановце имаат пристап до здравствени услуги преку проекти финансирани од Европска унија, а имплементирани од страна на Меѓународната организација за мигрции. Овие лица за време на пандемискиот период беа соодветно третирани во најблиските здравствени установи, и се водеше грижа за нивната здравствена состојба.

    „Во Прифатно-транзитните центри, Министерството за труд и социјална политика преку теренските социјални работници обезбедува помош за ранливите мигранти, врши проценка на најдобар интерес, и организира упатување кон здравствениот систем или друг вид на поддршка зависно од конкретната социјална анамнеза.Освен пристапот до здравствени услуги и здравствена заштита, сите лица со признаено право на азил имаат пристап до правата и помош кои беа обезбедени за корисниците на ГМП во времето на пандемискиот период идентично како останатите државјани,“рече Тренчевска.

    Покрај досега превземените мерки, генералниот став на Министерството за труд и социјална политика низ годините наназад се однесува на обезбедување инклузија и изедначен пристап до правата за лицата со признаено право на азил без притоа да се создаваат паралелни системи.

    „Нашата цел е креирање инклузивно општество, каде лицата кои побараа засолниште во нашата земја имаат пристап до заштита со сите европски стандарди како и пристап до социо-економските права,рече Тренчевска.

    Таа посочи дека соработката со хуманитарните и невладините организации е клучна во создавањето на хуманитарен одговор во кризните состојби, како и дека таа ќе  продолжи и понатаму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img