Од владејачката СДСМ посочија дека од најголемата опозициска партија не се заинтересирани за успехот на преговорите со Бугарија, со цел да се симне ветото на Македонија за членство во ЕУ.
– Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат вистинска конструктивност, нека престанат да опструираат и да креираат хистерија околу разговорите со Бугарија, туку со ладна глава да се обидеме сите да ги надминеме пречките – порачаа од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ неколку пати побара од претставниците на владата, да ги обелоденат деталите од воспоставената рамка на преговорите со Бугарија, сомневајќи се во тоа дека на преговарачка маса е и идентитетот на Македонците.