Путин ги обвини САД за високите цени на храната

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По почетокот на специјалната операција во Украина, САД и Европа почнаа да преземаат чекори кои ја влошија ситуацијата во секторот на храната и вештачките ѓубрива. Во САД финансиските и економските власти не смислија ништо подобро од тоа да го следат патот на вбризгување големи количества пари за поддршка на населението и поддршка на поединечни претпријатија и сектори на економијата, рече рускиот претседател Владимир Путин во интервју за државната телевизија Русија 1, во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“ .

Според него, Америка сега се обидува да ја префрли на Русија одговорноста за она што се случува на пазарот на храна. Тој предупреди дека ситуацијата со светските ѓубрива ќе се влоши поради санкциите, а цените на храната ќе пораснат.

– Блеф се тврдењата дека Москва го спречува извозот на украински житарки, подготвени сме извозот на пченица да се крене на 50 милиони тони. Го повикувам Киев да ги исчисти од мини териториите во Црно Море под руска контрола за безбеден извоз на житарките, а Русија нема да ја користи оваа ситуација за организирање напади од море, гарантираме мирен премин без какви било проблеми – рече Путин.

Путин рече дека кратковидата енергетска политика на европските земји довела до сегашната енергетска  криза.

– Банките престанаа да даваат кредити бидејќи се под притисок, осигурителните компании престанаа да осигуруваат релевантни трансакции, престанаа да им даваат на локалните власти земјишта за проширување на производството, ја намалија изградбата на специјализираниот транспорт, вклучувајќи цевководи, и сето тоа доведе до недоволно вложување во енергетскиот сектор во светот и како резултат на тоа е зголемувањето на цените. Европејците не ги послушаа барањата на Русија за одржување на долгорочните договори за снабдување со природен гас, што негативно се одрази на енергетскиот пазар – истакна Путин во интервјуто.

Share This Article