Во последните 24 часа направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје има 557 новозаразени, во Куманово 57, Битола 53, Тетово 47, Велес 41, Охрид 39, Прилеп 35, Гостивар 33, Кавадарци и Струмица по 32, Кочани 19, Штип 17, Гевгелија 14, Неготино 12, Струга и Свети Николе по 11, Кичево 8, Ресен 6, Кратово 4, Делчево и Богданци по 3, Радовиш и Валандово по 2 и по еден нов случај во Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и во Демир Капија.
Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции, а има и 2.418 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица: 11 починати лица од Скопје (67г, 74г, 74г, 76г, 77г, 77г, 77г, 77г, 80г, 83г и 85г), 3 починати лица од Прилеп (71г, 78г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (57г и 76г) и Штип (65г и 79г) и по едно починато лице од Кратово (81г), Крушево (82г), Неготино (85г), Охрид (86г), Ресен (64г), Куманово (76г) и Струга (69г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1). Починатите се на возраст од 64г до 82г. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23 јануари до 02 февруари.
Од вкупниот број на починати лица (n=29), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.695 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-101, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Авицена-140, Биотек-171, Систина-61, лабораторија Лаор-194, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-32, Генеа-12, Никоб Лаб-362, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-16, Ројал Медика–22, Спектра-ММ-22, Рапид Лаб–27, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.536.
Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.