More

    Процесот за нивно прогласување за „терористичка организација“ почнува на 26 мај

    spot_img

    Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација.

    Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација е закажан за судење на 26 мај“.

    Ова се случува во момент кога украински борци, од кои многумина се припадници на Азовскиот полк, се евакуирани од челичарницата Азовстал.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата, кои сега се во руски притвор, ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници.

    Азовскиот полк е формиран во 2014 година, веднаш откако Москва го анектираше јужниот украински полуостров Крим, за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас. Некои борци од Азов првично имале врски со националистички и екстремно десничарски групи. Полкот подоцна беше вклучен во Националната гарда на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img