МВР – Извадок на дел од дневни настани, 24.12.2024

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 23.12.2024 во 15.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(25) од Тетово поради сомнение дека во претходниот период извршил повеќе кривични дела „тешки кражби” на подрачјето на СВР Тетово. Одземените предмети биле пронајдени кај него и кај други лица од с.Џепчиште, тетовско, на кои им ги продавал, и ќе бидат вратени на сопствениците. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.12.2024 во 02.30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.В.(38) од с.Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1, „лихварство“ по член 260 став 2 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Постапувајќи по претходна пријава од 35-годишник од Гостивар, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Т.В., при што биле пронајдени и одземени разновидна документација, околу 25.000 евра во различни апоени и златен накит. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 23.12.2024 во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 43-годишната Л.Б. и Н.Б.(48), двајцата од Кавадарци. При претрес во објект на Градскиот плоштад, кој го користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 679 разни видови на пиротехнички средства. Л.Б. и Н.Б. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (24.12.2024), полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во домот и простории во Битола, кои ги користи М.Г.(31) од Битола. При претресот биле пронајдени 200 парчиња пиротехника. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.12.2024 во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г.(19) од с.Будинарци, беровско. Претходно, во близина на Граничен премин  Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а  мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

На 23.12.2024 во 17.30 часот во село Габревци, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле И.А.(32) од село Габревци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Радовиш за издржување затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа – Затвор Струмица за издржување на казната.

На 23.12.2024 во 12.30 часот во Скопје, на паркинг простор во населбата Железара, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Т.(46) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.12.2024 околу 01.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.З.(21) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.12.2024 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо 407“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.А.(52), удрило во Ц.П.(74), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.П., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

- Advertisement -
Ad image

На 23.12.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30), удрило во В.М.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала. Увид извршила  екипа од СВР Скопје.

На 23.12.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај с.Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од с.Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

На 23.12.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Киров -Мајски“ во Скопје била касната од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image

На 23.12.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Д.(72) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Share This Article