Германија и четири други земји добија огромни заеми и грантови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германија и четири други земји од Европската унија добија неколку милијарди евра заеми и грантови од ЕУ, соопшти денеска Европската комисија.

Парите доаѓаат од фондот за обнова по ковид-19 на блокот кој беше создаден во 2021 година за да се справи со економските последици од пандемијата.

Германија доби 13,5 милијарди евра (14,0 милијарди долари) по спроведувањето на реформите во климатската и енергетската политика, како и дигитализацијата, соопшти Комисијата.

Ова вклучува понатамошен развој на национална стратегија за водород и промоција на чиста мобилност, јави ДПА.

Германија досега имаше добиено 19,75 милијарди евра за да се искористат за дигитализација на јавната администрација и транспорт кој ќе биде поповолен за климата, како што е промоција на електрични возила.

Германија може да пристапи до вкупно 30,3 милијарди евра од фондот.

Чешка, Италија, Романија и Португалија исто така добија вкупно околу 50 милијарди евра исплати од фондот.

За да ја добијат помошта, земјите на ЕУ мора да поднесат план за дигитални и одржливи инвестициски и реформски проекти. Финансирањето се заснова на успешност и се исплаќа само откако ќе се постигнат поставените одредници за спроведување на реформите.

Средствата се финансираат преку долг, кој заеднички треба да се врати до 2058 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article