Учеството на Израел на годинашната Евровизија предизвика низа контроверзии поради конфликтот во Газа, што резултираше со бројни протести во Малме, Шведска. Но, сега Израел би можел засекогаш да го напушти ова натпреварување поради сосема други причини.
Како што пренесува шведски „Афтонбладет“, Израел можеби нема да учествува на Евровизија 2025 година поради потенцијалниот закон за приватизација на државната телевизија КАН. Овој закон, кој го предложи израелскиот министер за комуникации Шломо Кархи, може да доведе до излегување на Израел од Европската радиодифузна унија (ЕБУ), а со тоа и од Евровизија, потврдија од ЕБУ за „Ерусалим пост“.
Предлог-законот веќе го помина првото гласање во Кнесетот на 27 ноември, со поддршка на владејачките партии, додека конечното гласање се очекува на почетокот на јануари 2025 година.
Министерот Кархи не ги коментираше изјавите на ЕБУ за можното исклучување на Израел од натпреварувањето доколку се усвои законот.
Вработените во КАН изразија силно противење на предлогот. Уредникот Еран Цикурел ја опиша ситуацијата како „автогол“, особено во контекст на меѓународнитњ притисоци поради конфликтот во Газа.
Израел учествува на Евровизија од 1973 година и со четири победи е една од најуспешните земји во историјата на натпреварувањето. Минатогодишниот претставник Еден Голан го освои петтото место со песната Ураган.
– Цела година нашите противници се обидуваа да го спречат Израел да учествува на Евровизија, а сега тоа наместо нив, им го прави министерот Кархи, туркајќи нè надвор – изјавил Цицурел.
Инаку, Израел на Евровизија учествува од 1973 година и со четири победи е една од најуспешните земји во историјата на натпреварувањето. Минатогодишната претставничка Еден Голан го освои петтото место со песната „Hurricane“.