More

    Еве како изгледала Сара Роуз пред да заплива во богатството на маркизот од Челмондели

    spot_img

    Маркизата Челмондели или претходно само Сара Роуз Хамбери, се најде во фокусот на јавноста поради шпекулациите дека со години е во врска со принцот Вилијам, па дури и дека имаат вонбрачни близнаци. А многумина не знаат дека Сара Роуз и нејзината сестра Марина Хамбери и нивниот приватен живот одамна ја заинтригираа јавноста и таблоидите.

    Со години во медиумите и на социјалните мрежи се шушка дека принцот Вилијам ја изневерува Кејт Мидлтон со нејзината некогашна пријателка и нивната сосетка Роуз Ханбери, маркизата од Чолмондели, а во последните неколку недели овие шпекулации станаа уште погласни поради мистериозното отсуство на Кејт Мидлтон од јавниот живот.

    Откако принцезата од Велс беше оперирана во јануари, имаше многу шпекулации и теории на заговор за нејзината состојба и бракот со наследникот на британскиот трон, а медиумите се повеќе се фокусираат на маркизата Роуз, која со години е во беше во брак со бизнисменот Дејвид Роксавиџ, маркизот од Челмондели.

    Од 2009 година, Сара Роуз Ханбери е во брак со 23 години постариот маркиз од Чолмондели, со кој има три деца, а се венчаа еден ден откако ја објавија свршувачката на мала церемонија во Челзи. Пред да заплива во скапите тоалети и богатството на маркизот од Челмондели, Сара Роуз изгледа како обична девојка од лондонско предгради.

    Малку е познато дека таа пред бракот со Роксавиџ повремено се појавувала на фотографии од ноќниот живот на Островот, каде се движела во високи кругови, а често била и во друштво на нејзината сестра Марина, која има слична приказна како Роуз.
    Имено, Марина Ханбери, малку постара од Роуз, предизвика голем медиумски интерес, а двете сестри, ќерки на Тимоти Ханбери, дизајнер на веб-страници и модната дизајнерка Ема Ханбери, беа модели.

    Своевремено до медиумите стигнаа поради фотографијата на која позираат во костими за капење со поранешниот премиер Тони Блер во Тоскана во 2005 година.

     

    Марина, како и нејзината попозната сестра исто така сака постари и екстремно богати мажи – таа е мажена за Нед Ламбтон, грофот од Дарам, кој е 20 години постар од неа. Се венчаа кога таа имаше 28, а тој 48 години, а се верија по само три месеци врска. Граѓанската венчавка се одржа во населбата Челзи, како во случајот со Роуз Ханбери, а парот сега живее во луксузна вила во Тоскана.

     

    Меѓутоа, Дејли Мејл објави малку познати детали од бурното минато на сестрите Хамбери. Имено, Марина Хамбери и нејзиниот сегашен сопруг Нед Ламбтон се запознале додека таа живеела со синот на Ламбтон, Фред, со кого, нејзината сестра Роуз наводно била свршена.

    – Малку е инцестно затоа што Роуз била во врска со Фред кога била помлада, а Марина живеела извесно време со него. Така го запознала Нед – изјавила за порталот познаничка на сестрите Хамбери.

    Се чини дека контроверзите се постојан дел од животот на ова семејство, бидејќи Лорд Лембтон, свекорот на Марина, извесно време бил министер за одбрана во раните седумдесетти години и поднел оставка од оваа функција откако бил фатен со проститутка во 1973 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img