Соединетите Американски Држави во понеделникот објавија санкции против свекорот на Башар ал Асад, еден ден откако поранешниот сириски претседател наводно побегнал во Русија додека бунтовниците го зазеле главниот град Дамаск, објави порталот Барон.
Ненадејното заминување на Асад доведе до спектакуларен крај на петдецениското брутално владеење на неговиот клан над земјата, опустошена од една од најсмртоносните војни на векот.
Тој го надгледуваше сузбивањето на продемократското движење што избувна во 2011 година, предизвикувајќи граѓанска војна во која загинаа 500.000 луѓе, а половина земја беше принудена да ги напушти своите домови.
Министерството за финансии тогаш објави во соопштение дека Фаваз ал Ахрас е назначен за „давање поддршка на Башар ал Асад, поврзана со финансиски прашања, избегнување санкции и обиди на Башар ал Асад да постигне меѓународен политички ангажман“.
Ахрас е роден во сирискиот град Хомс, во септември 1946 година, и има сириско и британско државјанство, според списокот на санкционирани лица на Министерството за финансии.
Тој се обучил како кардиолог и се занимавал со медицина во Лондон, каде што се родила неговата ќерка Асма која е во брак со соборениот поранешен претседател.
Ахрас, чија регистрирана адреса е скромна куќа во западен Лондон, претходно беше санкциониран од САД во 2020 година заедно со неговата ќерка му Асма, сопругата Сахар и со уште неколку други членови на семејството.