More

    Косовската полиција уапси осуммина осомничени и заплени оружје, вклучително и експлозиви и друга воена опрема, по опсежната операција, ден по експлозијата во каналот Ибaр-Лепенeц во северно Косово

    spot_img

    Косовската полиција уапси осуммина осомничени и заплени оружје, вклучително и експлозиви и друга воена опрема, по опсежната операција, ден по експлозијата во каналот Ибaр-Лепенeц во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља и главниот командант на косовската полиција, Газменд Хоџа, на вечерашната конференција за медиумите, одржана во кампот на специјалните полициски сили во јужна Митровица, изнесоа детали за денешната акција, а го презентираа и запленетото оружје.

    Свечља рече дека експлозијата во каналот Ибар-Лепенец, кој снабдува делови од земјата со вода, а служи и за ладење на турбините за главниот енергетски комбинат во земјата, термоцентралите Косова1 и Косово2, е „најтешката против критичната инфраструктура на земјата од војната во Косово“ во 1998-1999 година.

    – Овој терористички напад не е обичен напад, туку е координиран од терористички организации… Целта беше да се нанесе максимална штета на државата Косово и на нејзините граѓани – рече Свечља.Косовските безбедносни власти, вклучително и Косовската разузнавачка агенција, спроведоа опсежна операција во саботата на 10 локации во северно Косово, во областа, неселана со мнозинско српско население, во која се случи нападот.

    – Контролата резултира со заплена на арсенал на оружје и муниција, експлозиви, разновидна опрема, вклучително и стотици униформи и воена опрема. Тие ќе послужат како доказ за овие кривични дела – рече Свечља.

    Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи, рече дека во нападот на каналот Ибер-Лепенец бил употребен експлозив до 20 килограми.

    – Врз основа на истрагите на местото на настанот, постои сомневање дека за извршување на овој терористички напад било употребено поголемо количество експлозив – меѓу 15 и 20 килограми. Експлозивот бил ставен во црна кеса и се активирал со механички детонатор, преку бавно горечки фитил – изјави Хоџа.

    Од полицијата велат дека експлозијата предизвикала големи штети, поради што во многу области и локалитети е прекинато снабдувањето со вода за пиење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img