Т.Д од Ивањица, Србија денеска е уапсена поради сомнение дека со умисла го убила нејзиното двомесечно машко бебе. Таа исекла гумен дел од цуцла, го врзала со конец и му го напикала длабоко во грлото на беспомошното бебе. Суровата жена потоа си излегла надвор со другото дете, а бебето го оставила само за да се задуши, односно – да умре!
Српските медиуми пренесуваат дека постои сомнеж дека жената Т.Д. планирала да го прикрие делото. Намерата ѝ била по смртта на бебето со конецот да го извади парчето од цуцлата, за да изгледа дека бебето починало од природна смрт!
Но, злосторството го открил нејзиниот брат, вујкото на несреќното момче. Тој дошол во куќата и го нашол бебето со конец во устата. Веднаш го однел во Здравствениот дом во Ивањица, но лекарите констатирале смрт.
Според медиумите, мајката-монструм претходно му најавила на братот дека ќе го носи постарото дете во градинка, а за бебето му кажала дека спие.
Истрагата за овој грозоморен и досега незабележан случај на овие простори го води Вишото јавно обвинителство во Чачак. Жената го признала злосторството.