More

    Борел ги повика земјите од Г7 на „обединет фронт“

    spot_img

    Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел при пристигнувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г-7 најави дополнителни 500 милиони евра помош за Украина преку Европскиот мировен механизам за купување тешко оружје, тенкови и артилерија.

    – Ова е седма средба на министрите за надворешни работи на Г-7 од почетокот на кризата во Украина. Рецептот останува ист, поголема поддршка за Украина, вклучително и воена – истакна Борел.

    Тој додаде дека со дополнителните 500 милиони евра, помошта за Украина достигна до две милијарди евра.

    Борел ја повика Г7 да го засили притисокот врз Русија, да воведе нови санкции, да се обиде да ја изолира на светската сцена и „да создаде обединет фронт за поддршка на Украина“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img