More

    Продолжува потрагата по бугарска „криптокралица“ Руја Игнатова, која направи 3,6 милијарди фунти мамејќи милиони луѓе да инвестираат во пирамидалната шема „OneCoin“

    spot_img

    Продолжува потрагата по бугарска „криптокралица“ Руја Игнатова, која направи 3,6 милијарди фунти мамејќи милиони луѓе да инвестираат во пирамидалната шема „OneCoin“. Германските власти во нов документарен филм открија дека сега ја барат Игнатова во Кејптаун во Јужна Африка, пишува Дејли Телеграф.

    Германските власти во новиот документарен филм за нејзиниот случај открија дека потрагата ја насочуваат кон Кејптаун, иако не се сигурни каде се наоѓа.

    – Работиме со хипотезата дека Руја Игнатова е сè уште жива – рече во документарецот Сабина Десел, германска истражителка, отфрлајќи ги претходните теории дека Игнатова била убиена, а нејзиното тело распарчено од поранешните соучесници во криминалот во октомври 2017 година.

    Во неодамнешното ажурирање на податоците за Игнатова на ФБИ се вели дека таа можеби имала пластична операција. Ова ја зголеми наградата за нејзиното апсење на 5 милиони долари. Таа е единствената жена на списокот на 10-те најбарани лица од ФБИ.

    Документарецот ги цитира безбедносните сили во Кејптаун, кои изјавија дека Игнатова неодамна била забележана во градот, иако не се знае точно каде се наоѓа.

    Она што е познато е дека нејзиниот брат Константин го презел нејзиниот бизнис и дека поминал долг период во Кејптаун откако таа исчезнала. Во тоа време, Константин објави слики од неговите посети на најдобрите места за разгледување на градот на неговиот Инстаграм профил.

    Оттогаш Константин соработува со истрагата на ФБИ и тврди дека неговата сестра носи половина милијарда фунти во украдени средства од инвеститорите, кои можеби биле користени за пластична хирургија, поткупување службеници и создавање нов идентитет.

    Игнатова ја основаше криптовалутата „OneCoin“ со Карл Себастијан Гринвуд, заеднички шведско-британски државјанин.

    Минатата година, американското обвинителство за јужниот округ на Њујорк соопшти дека Гринвуд бил осуден на 20 години затвор поради измамата и дека е должен да врати 300 милиони долари.

    Гринвуд и Игнатова измамија милиони лица низ светот тврдејќи дека „OneCoin“ ќе биде „убиецот на биткоинот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img