More

    Ракетите „Сторм Шадоу“ пак се во игра?

    spot_img

    Британскиот и францускиот лидер во понеделник ќе разговараат за тоа дали Џо Бајден, американскиот претседател во заминување, може да биде убеден да ѝ даде дозвола на Украина да истрела ракети „Сторм Шадоу“ длабоко во Русија, велат упатените во британската влада.

    Британски Дејли Телеграф пишува дека ова е последна шанса да се сопрат напорите на новoизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја сопре воената помош за Украина.

    Лондон уште негува надежи дека Бајден конечно ќе го даде одобрението што Киев го бараше со месеци. Неофицијално, барањето беше дел од „Планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски иако не беше наведено во петте точки.

    Друг извор изјави дека од Бајден се очекува „да ги отвори славините“ со предавање на поголема финансиска помош што му се должи на Киев во неделите пред да ја напушти Белата куќа.

    Разговорите меѓу британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претсеател Емануел Макрон ќе се одржат во Париз на церемонијата на Денот на примирјето во градот по Винстон Черчил во 1944 година. Стармер ќе биде првиот британски лидер што присуствува на оваа церемонија.

    Се очекува Макрон и Стармер да разговараат и за клучното влијание кое Трамп ќе го има на Блискиот Исток и за можноста за трговска војна со Европа.

    Трамп ќе стапне во Белата куќа на 20 јануари.

    Доналд Трамп Јуниор, синот на новоизбраниот претседател, на Инстаграм му порача на лидерот на Украина дека преостануваат 38 дена до сопирањето на воената помош за Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img