More

    Куче изгризало 6-годишно дете во Кавадарци

    spot_img

    Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци.

    Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес.

    Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.

    – Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски – појасни докторот за МИА.

    Самиот лекар по службена должност пријавил во полиција.

    На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди – велат од СВР Велес.

    Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.

    – Дадени се наредби и насоки до МВР за целосно документирање на настанот и за прибирање на соодветни докази воврска со чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација – велат од Обвинителството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img