САД се очекува да бидат многу активни во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија, штом Бугарија има постабилна влада, јави Глас на Америка на македонски јазик.
Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан, на сослушување за иднината на Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, ркол дека „Северна Македонија страда поради несогласувањата со соседите, што е еден од проблемите за пристапување во ЕУ и влијае на менување на условите постојано“.
Тој бил прашан од демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин, што САД можат да направат