More

    Во Финска 67.000 луѓе останаа без струја, висината на снежната покривка беше 20 сантиметри

    spot_img

    Финска ја зафати невремето Лили, кое корнеше дрвја, однесе покриви, а 67.000 луѓе останаа без струја поради снегот и силниот ветер, јавија денеска финските медиуми.

    Спасувачките екипи имаа многу работа да ги отстранат последиците од невремето, како паднати дрвја и оштетени покриви, пренесува финскиот медиум Yle.

    Обилен снег падна во јужните и западните делови од земјава, а на места висината на снегот достигна и 20 сантиметри.

    Претходно денеска беше објавено дека во крајбрежните области на западот на Финска ветерот достигнал брзина од 33,5 метри во секунда.

    Поради снежните врнежи загуба на струја имаше и во повеќе домаќинства, а на места беше прекинато и водоснабдувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img