Карлос Алкараз, првиот фаворит на турнирот во Париз, веќе беше елиминиран во осминафиналето од Уго Хамберт во три сета.
Четирикратниот победник на Грен слем не го криеше разочарувањето по мечот, а најмногу за подлогата зборуваше во Париз Берси.
„Кога го одиграв првиот натпревар, ми кажаа дека ова е најбрзиот курс на турнирите од серијата Мастерс, можеби дури и воопшто на Тур. Тоа е лудо. Не знам што да кажам. Не разбирам зошто го направија тоа, површината е сосема поинаква од претходните години овде“, изјави Алкараз.
Шпанецот признава дека немал доволно време да се навикне на условите.
„Да дојдев порано, веројатно подобро ќе се адаптирав. Сепак, сè уште не ми е јасно зошто го направија ова. Не сакам на овој начин да ја минимизирам победата на Хамберт, но тоа е факт“, изјави Алкараз.
Сите натпревари од Париз можете да ги следите во живо на каналите на Sport Klub.