More

    Српската пејачка Сека Алексиќ крена голема прашина во јавноста со изјавата за лажните животи што ги промовираат на социјалните мрежи

    spot_img

    Српската пејачка Сека Алексиќ крена голема прашина во јавноста со изјавата за лажните животи што ги промовираат на социјалните мрежи. Во едно гостување, фолкерката истакна дека многу работи кои јавните личности ги пласираат на платформите како Инстаграм и Фејсбук се всушност заблуди и лаги.

    – Нормално е детето три дена да носи тренирка на училиште додека не ја извалка, па кога ќе ја извалка, мама ќе ја испере, па пак ќе се исуши, па одиме повторно. Не е нормално да ја менувате вашата гардероба секој ден. Тоа, деца, не е нормално. Луеѓ, не е нормално на социјалните мрежи да гледате јавни личности кои рекламираат сè и сешто, кои рекламираат прескапи производи, шминка, скапи животи, Дубаи… Тоа не е нормално, тоа не е вистински живот – одговори таа во поткастот „Зошто толку сериозно“, и додаде:

    – Нормално е да си дома, да не си во Дубаи, нормално е два дена да јадеш грав или полнети пиперки, мусака или сарма, не е нормално да јадеш кавијар, ракчиња, лигњи и слично… Секој ден во Дубаи на тераса за снимање море, тоа не е нормално. Ова се лажни животи!

    Сепак, многумина ја дочекаа нејзината изјава „на нож“. Нејзината изјава наиде на остри критики од страна на корисник на социјалната мрежа Икс, кој потсети дека и самата често била дел од слични практики во минатото.

    – „А до вчера нејзиниот Инстаграм личеше како ТЕМУ. Фолирантка“, „Некој ја одбил за соработка“, „Нема свое јас, жената зборува какошто дува ветрот“ – ова се само дел од бројни коментари.

    Судејќи по бројот на коментари и лајкови, многу луѓе се согласија, а изјавија дека нејзиниот инстаграм-профил има многу објави на кои се гледа дека живее многу гламурозен живот. Престојува во луксузни хотели, крстари на јахта и јаде во реномирани ресторани. Своевремено рекламирала производи за нега, но и за деца, а од тоа се претпоставува дека имала приходи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img