More

    Европската Унија даде зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство

    spot_img

    Европската Унија даде зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство, беше објавено денеска на официјалната страница на мрежата Х на Унгарија како претседавач со ЕУ.

    „Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија беа одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, се наведува во соопштението.

    Ова, се додава, го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство.

    „Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство“, се вели во соопштението.

    Агендата претходно беше одобрена од Европската комисија.

    По усвојувањето на Агендата за реформи во Комитетот за ИПА, во кој се застапени сите земји-членки на ЕУ, ќе биде донесена и Одлуката за спроведување на Европската комисија.

    Сите партнери од Западен Балкан имаа обврска да ги достават до Брисел реформските агенди, предвидени во Планот за раст за Западен Балкан, со кој на регионот му се дава пристап до дополнителна финансиска помош од 6 милијарди евра во периодот од 2024 година до 2027 година. Исплатата на средствата зависи од успешното спроведување на реформите наведени во реформската агенда на секоја земја-корисничка.

    Првите пари можат да се повлечат до крајот на годинава.

    Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан предвидува 6 милијарди евра, 2 милијарди директна помош и 4 милијарди заеми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img