More

    Вучиќ се сретна со американскиот функционер Касаноф, тема на разговор и интеграциите на Западен Балкан во ЕУ

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф, со кого имал, како што рече, „добра средба“. Вучиќ на Инстаграм напиша дека меѓу другото разговарале и за „клучните прашања“ поврзани со зајакнувањето на „соработката и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“.

    Вучиќ на својот Инстаграм профил напиша дека разговарале за „клучните прашања поврзани со зајакнувањето на соработката и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, како и за регионалните и глобалните предизвици кои влијаат на стабилноста на целиот регион“, рече Вучиќ регионот, тој првенствено „ја истакна тешката и сложена ситуација во Косово и Метохија и укажа на речиси невозможните услови во кои живее српскиот народ на Косово и Метохија“.

    „Нагласив дека за конструктивен дијалог се потребни две страни, како и дека Србија останува посветена на дијалог и мирно решавање на проблемите, и покрај непотребната еднострана ескалација на тензиите“, додаде Вучиќ.

    Тој рече дека конкретно разговарале за потенцијалот за зајакнување на билатералните односи меѓу Србија и САД со „подобрување на соработката во различни области, како што се енергетиката и нови инвестиции во бројни големи проекти што ги има планирано Србија“.

    Тој рече дека укажал на важноста од дијалогот меѓу двете земји, особено отворената размена за прашања за кои тие не се согласуваат.

    На средбата, според приложените снимки, учествувале и американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, како и директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img