Српскиот водител Огњен Амиџиќ (49) во синоќешната емисија „Амиџи шоу“ го покажал своето ново издание.
Огњен во своето шоу изгледал сосема поинаку, а забележливо било дека има лузни на очните капаци.
Очигледно Амиџиќ одлучил да го „освежи“ својот изглед, а резултатите се пред вас.
Инаку, Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ неодамна добија син, кој го нарекоа Перун.
Мина Наумовиќ на својот инстаграм-профил често објавува фотографии и видеа од приватниот живот, а минатиот месец сосема опуштено се фотографираше додека готви ручек.
Наумовиќ позираше во широка маица покрај шпоретот, носејќи маска за подочници, а во описот напиша:
– Само гламурозно во петок!
За потсетување, гордата мајка неодамна одговори на коментарите за името на нејзиниот наследник.
– Не ме интересира што мислиш за името што го избрав за моето дете. Во принцип, не ми е гајле што мислите за ништо. Сакам да слушам мислење само кога го барам. Одржувајте лична хигиена и бидете добри со мене – рекла Мина во таа прилика.