More

    Заврши штрајкот на пристанишните работници во САД

    spot_img

    Американските пристанишни работници и оператори се согласија на прелиминарен договор со кој веднаш ќе се стави крај на тридневниот штрајк што го блокираше превозот на американскиот источен  и заливскиот брег.

    „Сите сегашни штрајкови веднаш престануваат и работата опфатена со Главниот договор продолжува“, се вели во соопштението на синдикатите и работодавачите.

    Прелиминарниот договор вклучува зголемување на платите за околу 62% во текот на 6 години. Тоа би ја зголемило просечната плата од 39 долари на околу 63 долари на час во текот на траењето на договорот, пренесоа агенциите.

    Синдикатот на Меѓународната асоцијација на пристанишни работници (ИЛА) бараше зголемување од 77%, додека групата на работодавачи, Алијансата на поморските оператори на САД (USMX), претходно понуди зголемување од речиси 50%.

    Синдикатот и пристанишните оператори соопштија дека ќе го продолжат својот главен договор до 15 јануари 2025 година за да се вратат на преговарачката маса и да ги решат сите преостанати прашања.

    Едно од клучните отворени прашања е автоматизацијата, за која работниците тврдат дека ќе доведе до губење на работни места.

    Водачите на синдикатот претходно изјавија дека работодавците како што се Maersk и нејзината компанија APM Terminals North America не се согласиле да ги стопираат проектите за автоматизација на пристаништата кои се опасни по работните места.

    Договорот го завршува најголемиот штрајк од ваков вид во речиси половина век, кој го блокираше истоварувањето на контејнерските бродови од Мејн до Тексас, се закани со недостиг на производи од банани до автоделови и предизвика трупање на бродови надвор од главните пристаништа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img