Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образование и наука Весна Јаневска и економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
Како што соопшти Владата, на средбата се разговарало за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и за состојбата со платите и тенденцијата тие да растат согласно реалните можности на економијата.
– Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки – истакна премиерот Мицкоски.