Докторка на Заводот за итна медицинска помош во Белград на својот „Тик-Ток“ профил објавила серија снимки од своето работно место на кои таа влегува во камерата, снима и не се однесува согласно професијата.
Поради евидентирање на пациенти на снимката, како и корисници на домот за стари лица каде таа работела, против неа е поведена постапка пред етичката комисија, пренесуваат медиумите во соседството.
На видеата, кои Д.Т. ги објавила на профилот, таа е во преден план и им се обраќа на следбениците додека го опишува своето работно место, проследено со движења на риалити ѕвезда, стои во написите.
Имено, на видеото кое е снимено во дом за стари лица, докторката на почетокот е во бел мантил со стетоскоп, каде го претставува своето работно место и пациентите.
Таа одеднаш се појавува во виолетов фустан и објавува дека е време за излегување.
– Ајде да видите доктор во друга верзија, да ги разбиеме предрасудите дека сите доктори се стари, досадни, грди. Па не е така, има некои интересни – вели таа на почетокот на снимката во домот.
– Прекрасни сте, многу ми е мило. Дали сте добро згрижени овде? – ги прашува докторката, мислејќи на лицата згрижени во домот.
Видеото продолжува во возило кое се движи кон болницата. Зад неа, во задниот дел од автомобилот, каде што најчесто се превезуваат пациенти, е снимено едно лице.
Откако снимките се проширија на мрежите, а докторката беше изложена на осуди, таа брзо ги отстрани сите снимки, пренесуваат медиумите во регионот.