Анел Ахмедхоџиќ неодамна го напушти репрезентативниот собир, по што се крена прашина од разни приказни.
После тоа Ахмедхоџиќ даде изјава за Н1 во која ги разјасни работите од негова гледна точка и рече дека во блиска иднина нема да настапува за репрезентацијата.
Утрово зборуваше и директорот на репрезентацијата Емир Спахиќ, кој во основа рече дека нема ништо од тоа, односно дека никој не може да бира кога ќе и биде на располагање на репрезентацијата.
Во меѓувреме дојде до промена на Инстаграм профилот на Анел Ахмедхоџиќ.
Претходно во описот на профилот имаше горд опис дека е фудбалски репрезентативец на Босна и Херцеговина, но денес такво нешто нема.
Останува само ознаката на Шефилд Јунајтед и неговиот Твитер (Х) профил.
Фотографиите во репрезентативниот дрес се уште се таму, но ќе видиме дали ќе останат.