More

    На пазарот на струја во регионот има нетипично високи цени

    spot_img

    Во дел од земјите на Југоисточна Европа (Албанија, Романија и некои други) се регистрираат нетипично  високи цени на пазарот на електрична енергија во однос на европските. Ова во официјално писмо до директорот на Еевропската енергетска заедница Артур Лорковски го пишуваат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика  Марко Бислимоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

    Тие бараат Лорковски да мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои се регистрира голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја.

    „Почнувајќи од крајот на јуни 2024 година, а особено во јули и август, цените на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа се значително повисоки од цените во останатиот дел од Европа. Просечните цени на пазарите „ден однапред“ во јули 2024 година се движат од околу 159 ЕУР/MWh во Албанија, додека во Франција се околу 46 ЕУР/MWh. Најзабележливи ценовни отстапувања во овој период се регистрирани во Албанија и Романија, како и во други земји од регионот“, се наведува во дописот.

    Освен македонскиот регулатор и министерство за енергетика и ресорните министерства од Грција, Бугарија и Романија за оваа состојба ја алармираа Енергетската заедница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img