More

    Познат аналитичар и екс-агент на ЦИА има идеја за крај на војната

    spot_img

    Има многу докази дека никој не може да го разубеди рускиот лидер Владимир Путин да се премисли во врска со Украина, вели Питер Шредер, поранешен вработен во ЦИА и експерт за Русија. Тактиката на санкции и внимателно обезбедување оружје за Украина до која Западот се држи веќе две ипол години почива на целосно лажна претпоставка дека тој може да промени своето мислење, се вели во анализата.

    „Има многу докази дека Путин едноставно не може да се разубеди. За него од стратешко значење е да се спречи Украина да стане бастион што Западот може да го искористи за да ѝ се заканува на Русија, а таа задача ја сфаќа многу лично“, пишува Шредер за „Foreign Affairs“.

    Затоа, според Шредер, секој обид да се натера да се премисли е залуден напор кој само троши ресурси и животи.

    „На Западот и Киев им останува само една опција за прифатлив крај на војната: чекање“, смета тој. Тој вели дека Западот или ќе почека Путин да замине од функцијата претседател или да почине. Но, додава еден услов, велејќи дека за сето време додека чека, Западот мора да ја снабдува Украина со оружје повеќе одошто тоа го прави во моментот.

    „Поразот на Путин на теренот во Украина би барал огромно зголемување на муницијата, но дури во 2025 година САД ќе почнат да го зголемуваат производството на неопходните артилериски гранати, па дури и тоа зголемување нема да биде доволно за да ги исполни барањата на бојното поле на Украина“, забележува аналитичарот во врска со западното оружје.

    Шредер продолжува со својата теза заклучувајќи дека Путин не е опортунист кога станува збор за неговата политика кон Украина од 2014 година до денес. Тој исто така ги спомнува екскурзиите на Путин во Грузија и во Сирија.

    Потоа аналитичарот вели дека Путин сепак се согласил на мировното решение од Минск наместо да ја продолжи војната во Крим, а истовремено да развива бунт во регионите во Источна Украина за да ја ограничи моќта на Киев. Но, според Шредер, пресметките на Путин не се покажале како точни и затоа тој морал да ја започне војната во февруари 2022 година.

    „Одлуката да се испрати најголемиот дел од руската армија во Украина во февруари 2022 година, а потоа и да се мобилизираат дополнителни сили откако првичниот напад не успеа, покажува дека тој смета дека војната е премногу важна за да не успее“.

    Шредер исто така теоретизира дека Путин веројатно смета дека е полошо да биде неактивен во Украина, бидејќи во тој случај Западот би можел да организира бројни „обоени револуции“ кои ќе ја дестабилизираат Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img