Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека владата нема намера да потпише договор во четири очи со унгарската телекомуникациска компанија 4iG, туку ќе распише тендер на кој очекува да лествуваат поголем број компании.
– Тендер мора да има. Меморандумот е необврзувачки и со него компанијата изразува интерес дека е заинтересирана да учествува на тендерот. доколку има и други компании кои се заинтересирани и сакаат да потпишат ваков меморандум ние ќе го потпишеме. Тендер ќе има бидејќи заврши времето на договори во четири очи како за тој во РЕК Осломеј, РЕК Битола и заврши времето кога голобради момчиња стануваат сопственици на фирми за милионски суми во центарот на Скопје или играњето фудбал во канцеларија. сега е времето во кое треба да владее правото – рече Мицкоски.
Премиерот најави дека наскоро ќе биде распишан тендерот, бидејќи се чека и другите компании кои се заинтересирани да ја завршат анализата на пазарот.
– Наш интерес е оној на народот, а тој е да има што поголем број мобилни оператори – рече Мицкоски.