Две лица во понеделникот починаа поради тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово.
„На 02 септември 2024 година, во 11.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил и неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.