More

    Албанија ќе ги награди двајцата олимписки медалисти

    spot_img

    Албанската влада одлучи парично да ги награди двајцата олимписки медалисти Ислам Дудаев и Чермен Велиев.

    – Владата одобри награда од 14,7 милиони леки(147.000 евра) за спортистите кои освоија олимписки медали со високи резултати како и нивните тренери на Олимписките игри „Париз 2024“, стои во објавата.

    Одлуката е објавена во Службен весник, каде што се нагласува дека на буџетската програма „За развој на спортот“ се додава фонд од 14, 7 милиони леки како награда на спортистите кои освоија олимписки медали, како и на нивните тренери на Олимписките игри „Париз 2024“.

    Освојувачите на медал освен награда во износ од  по 50.000 евра, добиваат и чин полковник во албанската армија.

    На 10 август, Чермен Валиев испиша историја во Париз  освојувајќи го првиот медал за Албанија во историјата на Олимписките игри, победувајќи го Виктор Расадин од Таџикистан во борење во слободен стил во тежина до 74 килограми.

    Вториот бронзен медал на Албанија ѝ го донесе борачот Ислам Дудаев, кој го победи првакот во категоријата до 65 килограми Исмаил Музукајев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img