More

    Србин и двајца Шпанци преживеале хорор на Канарските Острови

    spot_img

    Трауматизиран и исплашен, така сè уште се чувствува Никола Николиќ (30), кој со двајца пријатели од Шпанија отишол на риболов кај Канарските острови. Нивниот брод останал на море бидејќи останале без гориво. Со денови биле на море, плашејќи се дека ќе умрат, додека не биле спасени од кинески брод, пренесува српски Блиц.

    Тој за шпанскиот портал Diario Libre изјавил дека тројцата поминале 10 дена на отворено море во нивниот мал чамец, кој го носеле брановите и повремено бил опкружен со ајкули.

    – Никогаш не сум видел ајкули толку блиску, мислев дека нема да преживееме – рече Николиќ.

    Младиот човек, кој е во Шпанија само два месеци, рече дека тој и неговите шпански пријатели Давид Гомез Перез и Хуан Мануел Перез Сантана отишле на риболов со храна за три дена. Кога им снемало храна, тој тврди дека не се напиле ниту капка вода во преостанатите седум дена.

    – Уште неколку часа и сигурно ќе бевме мртви – изјави тој.

     

     

    Николиќ рече дека конечно ја виделе светлината на крајот од тунелот. Оддалеку здогледале брод и почнале да викаат помош.

    Бродот кој пловел под кинеско знаме „Син Ан Нинг“ ги спасил тројцата рибари од сигурна смрт.

    Станува збор за товарен брод кој одел кон Доминиканската Република, па тројцата спасени мажи отпловиле и кон таа земја. Бродот пристигнал во пристаништето Хаина во понеделникот и мажите биле предадени на доминиканските власти.

    Шпанската амбасада успеа да префрли двајца свои државјани во Шпанија, но Николиќ останува во Доминиканската Република во имиграцискиот центар за странци со неправилни документи за престој.

    Николиќ, кој во последните два месеци е во Шпанија и вози камион, вели дека сега се чувствува како затвореник.

    – Се надевам дека ќе се вратам во Шпанија што е можно поскоро. Верувам дека наскоро ќе го добијам пасошот, а најмногу сакам да се видам со семејството, особено со мојата девојка. Доминиканските власти се во контакт со српската амбасада на Куба и очекувам да се забрза процедурата за што поскоро да заминам одовде – заклучува Србинот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img