Полициски службеници ја пронајдоа малолетничката што беше пријавена дека вчера попладне се оддалечила од домот во скопски Илинден.
Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот“, информира МВР.
Четринаесетгодишното девојче, по претходна расправија со нејзината мајка, заминала од дома вчера попладне во 18 часот. Нејзината мајка утрово преку Фејсбук, со опис на својата ќерка, побара помош за да се пронајде.