По серијата бекства на Непалци на привремена работа во Македонија, „фаќаат магла“ и работниците од Бангладеш. Четири лица од Бангладеш вработени во приватна фирма од Скопје, исчезнале од домот во кој престојувале.
„На 24.07.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.С.(43) од Скопје пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле четири лица од Бангладеш на возраст од 23 до 36 години, кои биле вработени во приватна фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“ – стои во известувањето од МВР.