More

    Меланија Трамп едвај се воздржа да не се насмее на настапот на музичарот

    spot_img

    Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, едвај се воздржувала да не се насмее во текот на настапот на пејачот Кид Рок на Републиканската национална конвенција (РНС). Некој ја снимил нејзината реакција и ја објавил на социјалните мрежи.

    Кид Рок ја извел песната „American Bad Ass“ на републиканската национална конвенција и изразот на лицето на Меланија во текот на неговиот настап стана вирален.

    Поранешната прва дама, Меланија Трамп (54), која се држеше настрана од предизборната кампања на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, изненади многумина со појавувањето на Националната конвенција на Републиканците. Таму настапи и кантри пејачот Кид Рок, кој е отворен поддржувач на Трамп, а реакцијата на Меланија на неговиот настап ја забележаа сите.

     

    Набрзо многумина се огласија на социјалните мрежи за чудните реакции на Меланија на настапот на музичарот.

    „Обидот на Меланија Трамп да не му се смее на Кид Рок е најсмешното нешто што сум го видел“, гласи еден од коментарите на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

    „Тешко е да не се смееш на Кид Рок. Ја разбирам нејзината борба“, „Никој не го сфаќа Кид Рок сериозно“, „Не ја обвинувам“, „Тоа е нормална реакција на него“, „Премногу е смешна“, се дел од коментарите под видеото.

    – Стојам веднаш под ложата на семејството Трамп и никој не ужива во овој настап на Кид Рок повеќе од Џеј Ди Венс. Но, се чини дека никој не ужива помалку од Меланија Трамп – коментирал дописникот на „Ен-би-си њуз“ од Капитол Хил, кој, исто така, присуствувал на конвенцијата.

    Инаку, сопругата на Трамп, која во последно време ретко се појавува во јавноста, на конвенцијата се појави во црвена комбинација и со него разменуваше прегратки и бакнежи, а се држеа и за раце.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img