На 17.07.2024 во 19.00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.