Антикорупциската комисија (ДКСК) да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи, побара денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
Според него, доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда за са почне да истражува.
– Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи. Таа ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко ѝ говорат дека е поврзана со спорниот имот. Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодетот хациАендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена?- вели Јаревски.
Тој додава дека е поминто времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети.
– Одговорност мора да има- вели Јаревски.