Малолетници кои вчера со тешка здравствена слика беа примени на Клиниката за токсикологија се во свесна состојба.
Директорот на Клиниката, Андон Чибишев утрово за Курир потврди дека децата се со стабилни витални параметри и кај нив не е пронајден алкохол.
-Кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци. Не е докажано присуство на алкохол и немаат посериозни повреди – изјави Чибишев.
Децата остануваат на Клиниката за токсикологија каде што ќе продолжи нивното лекување.
Полицијата и денеска работи на расветлување на случајот.
Малолетните лица кои се на возраст меѓу 14 и 17 години вчера беа донесени на Токсикологија со пореметена свест и со бројни повреди по телото.