Гори фабрика за производство на керамика во московското преградите Химки на 20 километри од Кремљ. Уште не е познато дали се работи за украински напад, односно за тоа што е причината на пожарот. Се шпекулира дека техничките инсталации кои ги произведува фабриката можат да се користат во руската воена опрема.
На социјалните мрежи се појави снимка од пожарот кој зафати 2.000 метри квадратни:
Во меѓувреме, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на Телеграм напиша дека во близина на Москва е уништен непријателски дрон. Нема жртви или материјална штета.
Во изминатите 24 часа едно лице загина во гранатирање на Украина во Белгородската област, а 14 се повредени, објави денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
Од друга страна, руските сили денеска масовно ракетираа во повеќе украински градоци.
„Руската авијација изврши воздушни напади врз Липка, Вовчанск, Боршово, Мали Прохода и Хлибоке во регионите Харков, Мирноград, Очеретин, Прорес, Желане, Вовче, Курахово, Урожајне, Макаривка, Сторозово, Дружба, Донецк, “, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.