More

    Соседите на осомничените за убиството на малата Данка Илиќ го открија мотивот за злосторството?

    spot_img

    Поминаа повеќе од 3 месеци од денот кога во Банско Поље кај Бор во Србија исчезна 2-годишната Данка Илиќ, двајцата осомничените признаа дека го убиле девојчето, откако претходно го удриле со автомобилот, но телото сѐ уште не е пронајдено.

    Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор заедно со колегата Срѓан Јанковиќ (50) се товарат за монструозното убиство на малата Данка.

    Жителите на Злот, соседи на осомничениот убиец сѐ уште не можат да сфатат како можело да се случи такво злосторство. Тие велат дека се огорчени и дека се подготвени сами да им пресудат убијците на малата Данка ако тие случајно бидат пуштени од затвор. Локалните жители за српските медиуми откриваат детали од животот на Дејан во кои го бараат мотовот за грозоморниот чин. Тие истакнуваат дека претрпел промени откако мајка му пред 20 години му забранила да се ожени со девојката што ја сака. Светлана, мајката на Дејан, која во меѓувреме почина, често поставувала насоки за тоа како треба да изгледа идната сопруга на нејзиниот син, отфрлајќи ги сите негови девојки како несоодветни.

    Кога осомничениот се заљубил во девојка од соседното село, мајка му ја забранила врската, што наводно го довело до алкохолизам и зависност. Девојката подоцна се омажила за друг маж, додека осомничениот продолжил да живее сам, работејќи во локалното комунално претпријатие „Водовод“.

    – Неговата мајка често имаше смерници за тоа како треба да изгледа идната сопруга, ниту една од девојките не беше доволно добра за неа. Колку што се сеќавам, пред околу 20 години, Дејан сакаше да се ожени со девојка од соседното село, но мајка му не му дозволи. Не беше добра „за дома“. После тоа девојката се омажила за друг маж, а тој се оддаде на алкохолот – велат мештаните на Злот за српска Република.

    – После тоа, не знаеме дали имал жена. Не неговиот брат Далибор, кој почина пред неколку месеци, не беше оженет. Осомничениот така живутаркаше со години, работеше во „Водоводо“, а семејството се занимаваше и со монтажа на столарија. Пред неколку години ми постави прозори и врати. Пиеше, но како и сите занаетчии не го сфатив како лоша работа. Кога слушнав што направи, го пцуев – вели еден од соседите.

    Мештаните велат дека го виделе Дејан како пие пред локална продавница по 26 март, постапувајќи како и обично, што ги шокирало кога дознале за обвинувањата против него. Тие се револтирани од страшното злосторство и велат дека доколку биде ослободен, самите ќе му пресудат.

    -Жителите на Злот се револтирани, верувајте, да го пуштат сега на слобода, мештаните ќе му пресудат!Еве јас сум постар човек и кога ќе помислам дека некој е спремен да го земе тоа пиленце и да го убие, би му пресудил. Внимателно ги следам вестите и секоја нова информација ме згрозува – вели еден од повозрасните жители на селото во околината на Бор.

    Данка Илиќ исчезна на 26 март од пред напуштената семејна куќа во Банско Поље кај Бор. По неколкудневна потрага по малото девојче, беа уапсени двајцата осомничени кои признаа дека со службеното возило го удриле девојчето кога излегло на локалниот пат, а потоа ја задавиле и ја фрлиле наблиската депонија. Но и по неколку месеци од злосторството тие не открија каде е телото на малата Данка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img