More

    Меџити истакна дека сега ќе се спречи контраефектот кој биле во минатото

    spot_img

    Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити коментирајќи го вадењето на нерезидентното население од балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку, како што рече, се унапредува во Закон за правична застапеност.

    – Не се укинува балансерот туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на Закон за правична застапеност. Така што, тоа ќе биде во интерес на мултикултурната и мултиетничка држава Македонија – рече Меџити

    Тој потенцира дека механизмот првично по 2001 година бил во функција на застапеност на помалите заедници, но последните години, како што рече, имал контраефект.

    – Имавме многу случаи каде Македонец се пријавуваше кога требаше да се вработи како Албанец, Турчин, Влав или нешто друго или обратно на локално ниво. Значи, не беше во функција, туку беше во контрафункција – рече Меџити.

    Тој не соопшти до каде е процедурата за Законот за локална самоуправа, туку само потсети за што се однесуваат измените на овој закон.

    – Прво, за локалната самоуправа ќе биде во интерес на граѓаните и на државата да немаат дополнителни трошоци бидејќи нема логика во една година да има двапати избори. Само од таа причина и тоа ќе се однесува на некои општини од позицијата и на опозицијата. Значи, не е во интерес на Владата, туку е во интерес на граѓаните и државата да нема дополнителни трошоци – рече Меџити.

    На новинарско околу тоа зошто имаше потреба да се врати оградата пред владината зграда, Меџити со одговор дека тоа е техничко прашање.

    – Тоа е техничка работа. Не вреди да се зборува толку многу за неа. Значи, оградата е таму. Наместо полициските сили постојано да ја чуваат, бидејќи постојано има протести и лицата кои треба да го одржуваат редот треба да се разрешат, бидејќи тие треба да го одржуваат и редот на граѓаните, а не само на Владата – рече тој.

    На новинарско прашање дали се очекуваат некакви протести од „Европски фронт“, Меџити истакна дека тие се изморени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img