More

    Во кои земји растат, а во кои паѓаат цените на куќите?

    spot_img

    Во првиот квартал од оваа година цените на куќите паднаа за 0,4% во еврозоната, а во Европската унија (ЕУ) пораснаа за 1,3% во споредба со истиот квартал минатата година, покажуваат податоците на Евростат.

    Во четвртиот квартал од 2023 година, цените на куќите паднаа за 1,2% во еврозоната, а пораснаа за 0,2% во ЕУ.

    Споредено првиот квартал од оваа година со четвртиот квартал од 2023 година, цените на куќите паднаа за 0,1% во еврозоната, а пораснаа за 0,4% во ЕУ.

    Од земјите-членки 7 забележаа годишен пад на цените на куќите во првиот квартал, а 19 забележаа годишен пораст.

    Најголем пад е забележан во Луксембург, 10,9%, Германија 5,7% и Франција 4,8%, додека најголем пораст е забележан во Полска 18%, Бугарија 16% и Литванија 9,9%.

    Во споредба со претходниот квартал, цените се намалија во 8 земји-членки, а се зголемија во 18 земји-членки.

    Најголем пад е забележан во Данска од 2,5%, Франција 2,1% и Словачка 1,7%, додека најголем пораст е забележан во Бугарија 7,1 %, Унгарија 5,1% и Полска 4,3%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img