More

    Во Србија од 10 јули ќе се плаќаат повисоки патарини за околу 10%

    spot_img

    Во Србија од 10 јули ќе се плаќаат повисоки патарини за околу 10%. Тамошната влада ја прифати одлуката на претпријатието кое се грижи за патиштата.

    Од среда на најдолгата релација од Белград до Прешево ќе се плаќа патарина од  1.890 динари. Од Белград до Ниш патарината изнесува 1.130 динари, додека од Белград до Димитровград 1.670 динари.

    Во зависност од категоријата, Белград – Шид ќе чини 500 динари, Белград – Рума 200 динари, до Сремска Митровица 270 динари.

    Поскапува и патарината на автопатот„Милош Велики“, па од Белград, односно од Обреновац, каде има наплатна рампа, до Чачак чини 560 динари, додека до Праковрат 620 динари. Доколку патувате во Љиг ќе ве чини 320 динари.

    Од Суботица до Белград патарината ќе чини 800 динари, за Инџија 710 динари, а за Нови Сад 490 динари.

    Еден месец по стартот на поскапувањето ќе важи и попустот од 10% за моторно возило од четврта категорија од класата на емисија „ЕУРО 6“ под услов да се плаќа патарина преку уредот за електронска наплата. Попуст од 10%, се пресметува на сумата намалена со попустот за електронски патарини од 6%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img