АМБАСАДОРИТЕ НЕ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА МИЦКОСКИ, ЌЕ СОРАБОТУВААТ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Евроамбасадорот во заминување Дејвид Гир и германската амбасадорка Петра Дрекслер коментирајќи ја изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека странските амбасадори се мешаат во внатрешните работи, рекоа дека се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада.

Откако дел од амбасадорите изразија забелешки за најавата за распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, Мицкоски вчера изјави дека станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи во државата и ако имаат подобри решенија да ги понудат.

Гир рече дека премиерот покренал важни прашања во однос на потребата за реформа на владеењето на правото.

– Ова е од суштинско значење за европскиот пат на земјата, и ние ќе продолжиме да се ангажираме со премиерот и со Владата за да ги разгледаме најдобрите начини да се оди напред. Се надеваме на конструктивен дијалог, делиме исти цели, да ја донесеме земјата во ЕУ колку што е можно побрзо – истакна Гир на НАТО работниот појадок во Клубот на пратеници во организација на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Гир го поздрави фактот дека новата влада продолжува да го гради она што го започнала претходната Влада – поддршка за НАТО, продолжување на усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и континуираната поддршка за Украина.

На сличен став со Гир е и германската амбасадорка Петра Дрекслер, која коментирајќи ја изјавата на Мицкоски, рече дека ќе го продолжат дијалогот со новата Влада.

– Ќе го продолжиме дијалогот со новата Влада и верувам дека тоа ќе се вреднува од двете страни. Имаме размена на прашања во областа на владеењето на правото, што е дел од процесот за пристапување во ЕУ, Кластерот Темели е многу важен и се надеваме дека ќе го продолжиме дијалогот со Владата – нагласи Дрекслер.

Share This Article