More

    Дали ја минавте последнава недела гледајќи објави за извесна девојка наречена „Хок Тва“ која стана вирална поради нејзиниот интересен секс совет?

    spot_img

    Дали ја минавте последнава недела гледајќи објави за извесна девојка наречена „Хок Тва“ која стана вирална поради нејзиниот интересен секс совет?

    Постои гласина дека девојката наводно аплицирала во агенција за таленти кога го кажала славниот исказ што ја прослави, но таа гласина оттогаш е повлечена, пишува порталот Кат.

    Која е девојката Хок Тва?

    Инаку, позната како Хејли Велч, девојката Хок Тва се прослави откако беше прикажана во интервју на улица. Во видеото, таа беше прашана „Кој е потегот во кревет што го тера мажот да полудува секој пат?“

    Нејзиниот одговор ја претвори во ѕвезда.

    – Треба да им го пружите она, правите „хок тва“, па го плукате патлакот – извика таа.

    Зборовите навистина не можат да ја доловат целата нејзина атмосфера, па затоа ќе го пуштиме видеото.

    „Хок тва“ е звукот на тоа што ние го нарекуваме „ркање“.

    Тоа е тоа?

    Да. Таа рече нешто смешно, на интернетот му се допаѓа тоа, а луѓето бргу се обидуваат да профитираат. Имаше дури и гласини дека таа ќе потпише со агенцијата „Јунајтед талент“, но станува збор за неточни гласини.

    Се продаваат и шапки „Хок Тва“

    Велч дефинитивно сега заработува од шапки  „Хок Тва“. Камионџиските шапки се произведени од Џејсон Потете кој е сопственик на компанија за облека наречена „Фетхед тредс“ и наводно ја познава Велч со години.

    Во интервју за „Ролинг Стоун“, Потете сподели дека веќе продале повеќе од 2.000 шапки (потпишаната верзија од 50 долари бргу се распродаде), а со оглед на тоа што најевтината шапка е 32,78 долари, компанијата заработила најмалку 65.000 долари само од шапки.

    Потете не сакаше да каже колку од заработката е за Велч, но тој рече дека таа ќе заработи од продажбата.

    Дали Хок Тва ја изгуби работата?

    Не, тоа е шега.

    Сатиричен профил на социјалните медиуми (Tippah County Tribune), сподели објава на Фејсбук во која тврди дека Велч (која ја идентификуваат како „Хејли Велингтон“) ја изгубила работата како наставничка за деца на предучилишна возраст во „Дневното училиште Епштајн“.

    Нивната лажна приказна вклучуваше деца кои „плукаат едни по други и по сè друго“ поради виралното видео.

    Велч подоцна откри дека всушност работела во фабрика за пружини во нејзиниот роден град во Тенеси и дека таа не ја изгубила работата.

    Што е следно за г-ѓа Тва?

    На интервју, г-ѓа Тва рече дека таа има менаџерски тим кој размислува за следните чекори во нејзината кариера. Велч наводно потпишала со менаџерска фирма наречена „Пентхаус“.

    – Сите поткастери имаат право, поминете 5 минути со неа и ќе видите зошто таа ќе биде многу сакана во Америка – изјави основачот на Пентхаус, Џони Форстер.

    Не е познато кои се „сите поткастери“ бидејќи таа гостувала само во еден подкаст.

    Велч, од своја страна, изгледа возбудена поради овој нов потфат.

    – Пред две недели бевме само баба ми и јас во Белфаст, Тенеси. Одеднаш кажувам нешто глупаво и сега животот ми се промени. Зарем Господ не е прекрасен? Со нетрпение го очекувам тоа што ми го носи иднината – изјави Велч.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img