Денеска ќе нѐ очекува променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20, а максималната од 20 до 32. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.